Барај
%
×
Guess - La dolce Vita
Пет стилски комбинации за почетокот на најубавата сезона!
БЛОГ

Пет стилски комбинации за почетокот на најубавата сезона!

 

 

Првиот ден од пролетта со себе секогаш носи една посебна магија, иако денешниов се чини ги нема сите епитети што доаѓаат со новата сезона. Но, тоа не треба да биде причина да заборавиме дека денеска е првиот ден од најубавото годишно време кое е создадено за целосно уживање во животот, а тоа секогаш го правиме во најубави комбинации.

 

Токму тие, во име на еден од најубавите денови од годината, ги направивме специјално за вас, за да ви ја олесниме потрагата по највпечатливите парчиња во новата сезона.

Внимававме на нијансите, за истите секогаш да одговараат на вашето расположение, па така во нашиот избор ќе најдете костим во пастелна нијанса, кошула во сите неодоливи бои на сезоната, фустан во впечатлива боја за сите важни пригоди, комбинезон за деновите кога сакате да оставите впечаток и што уште не.

*Фармерки Parfois, кошула Hugo, Чевли Geox, Чанта Diesel

Големо внимание сезонава им посветуваме на чантите во светли нијанси, па затоа одбравме некои од омилените од новите колекции на нашите брендови, а истите ги гледате во комбинација со сите други шик парчиња.

Пролетта секогаш важи за време во кое се случуваат големи промени, па ако веќе сте длабоко во вашата комфорна зона и ви треба промена, без размислување почнете од стилот па набавете си ги сите парчиња што ви се допаѓаат, а во кои не можете да се замислите себеси.

*Здолниште Guess, кошула, чанта, потпетици Mango

Бидете подготвени за нови почетоци во ултра впечатливи комбинации составени од парчиња кои се вистински класици и кои ќе останат во вашиот плакар да сведочат за исклучителниот стил.

*Фустан, потпетици, чанта Mango, обетки Parfois

Во нашиот избор има и вистински класици со кои ќе можете да направите и безброј други комбинации, а тоа уште еднаш го потврдува фактот дека секое едно парче е вредно за инвестиција.

Низ текстот, ги гледате петте комбинации со кои едвај чекаме да ја започнеме пролетната сезона и ги бираме омилените!

*Комбинезон, тексас јакна, чанта, потпетици Mango

*Палто, панталони, сандали Mango, чанта Guess

21.03.2023.

Слични статии

19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...
27.
Dec.
2023.
БЛОГ
Долгоочекуваниот сезонски попуст во Fashion Group започна! Искористи ја можноста за попусти до -50% и заврши ја годинава со шопинг каков што одамна не си има...