Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Fashion&Friends и Dan John освоија со пролетните колекции прикажани на Моден викенд
БЛОГ

Fashion&Friends и Dan John освоија со пролетните колекции прикажани на Моден викенд

 

 

Во пресрет на најубавата сезона што доаѓа, мултибренд продавницата Fashion&Friends и омилениот бренд на мажите Dan John ги претставија пролетните колекции полни уникатни парчиња на Модниот викенд Скопје, оваа година, одржан во трговскиот центар Ист Гејт.

 

 

Колекциите на брендовите ги прикажаа сите трендови што треба да ги знаете, а се поврзани со новата сезона во која се чини повторно ќе сме вљубени во боите и парчињата што се ултра впечатливи.

Секоја една комбинација како приказна за себе, брендовите од Fashion&Friends на публиката ѝ понудија едно сосема поинакво и уникатно искуство, нудејќи парчиња во кои ќе посакаме да го поминеме секој еден ден од пролетта.

 

 

Играјќи си со боите и парчињата и посветувајќи им големо внимание на деталите, ревијата на Fashion&Friends беше исклучително освежувачка, креирајќи една совршена слика за тоа како топлите денови треба да изгледаат.

Целосно безгрижна, со акцент на шармантните парчиња како бомбер јакни со цветен принт, лелеави здолништа од тул, свилени фустани со должина под колената, кожени мантили во неодоливи бои, но и модни додатоци како колоритни обувки и чанти направени од супер шик материјали.

 

 

Истото беше случај и со машките колекции од брендовите на Fashion&Friends, кои го освоија просторот со енергичните комбинации составени од впечатливи јакни совршени за преодната сезона, маички со принт создадени за топлите денови, но и комбинации со кои ќе бидете во центарот на вниманието на секоја добра пригода.

Подеднакво впечатлива беше и ревијата на Dan John како еден од омилените италијански брендови на момците, а кои уште еднаш покажаа зошто изборот оваа сезона треба да бидат токму парчињата од брендот.

Во колекцијата преовладуваа претежно светли парчиња, дополнително стилизирани со шик модни додатоци како марами со пролетни принтови, обувки кои беа синоним за елеганција, спортски парчиња подготвени за освојување на пролетта и многу други впечатливи моменти.

 

 

Балансирани во однос на палетата на бои, брендот прикажа и палта и панталони за секојдневно оставање впечаток, но и такви со кои ќе ги креирате сите ваши комбинации за свечените пригоди особено присутни во сезоната што доаѓа.

Секогаш модерен избор, но со класичен призвук, Dan John останува да важи како синоним за она како треба да изгледаат урбаните момци кои знаат да уживаат во секој ден и со самодоверба да го носат она што ќе го одберат.

 

 

 

 

 

 
 

 

 

13.03.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...