Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Брендан Фрејзер и Мишел Јо се ѕвездите на годинешните Оскари!
БЛОГ

Брендан Фрејзер и Мишел Јо се ѕвездите на годинешните Оскари!

 

 

Конечно се случи долгоочекуваното доделување на Оскарите 2023, на кое ѕвездите се појавија во своите најблескави изданија на, за прв пат, килимот во крем нијанса.

 

 

Брендан Фрејзер дефинитивно беше ѕвезда на вечерта со освоена награда за главна машка улога во исклучителниот „The Whale“, а за чија изведба доби само позитивни критики.

Подеднакво внимание вечерта предизвика и прекрасната актерка Мишел Јо, која стана првата Азијатка која освоила главна награда на церемонијата Оскари, за нејзината изведба во ултра популарниот „Everything Everywhere All at Once”.

 

 

Дека филмот предизвика големо внимание изминатата година докажува и фактот што речиси најголемиот дел од актерската екипа дома си замина со награди меѓу кои и Џејми Ли Кертис за најдобра споредна улога, Ки Ху Кван за најдобра споредна машка улога, додека режисерите Даниел Кван и Даниел Шајнерт за најдобри режисери.

Самиот филм пак, ја освои главната награда за вечерта и сосема заслужено, го освои Оскарот за најдобар филм за изминатата година.

 

 

Меѓу другите, еден од највпечатливите моменти на вчерашното доделување дефинитивно беше изведбата на Лејди Гага на „Hold My Hand“ од новиот „Top Gun“ за која од спектакуларниот Версаче фустан, се пресоблече во црна маичка и фармерки и целосно ја извади шминката, а беше подеднакво прекрасна како и на „црвениот“ килим.

Кога сме кај исклучителните музички изведби вечерта, а дефинитивно ги имаше во изобилие, не смееме да не ја споменеме онаа на песната „Naatu Naatu“ од филмот „RRR“ која беше првата индиска оригинална песна од филм што некогаш била номинирана и победила.

 

 

Прекрасни изведби на големата сцена имаа и секогаш омилениот Лени Кравиц и Ријана која изгледаше сосема шармантно во втората бременост, изведувајќи ја баладата „Lift Me Up“ која е целосно посветена на нејзиниот син.

Дека сите три часа беа исполнети со смеа беше и повеќе од загарантирано, со самото тоа што годинешниот водител беше комичарот и ТВ водител Џими Кимел, кој во неколку наврати и се обрати на Академијата за малиот број на номинирани жени режисерки во категориите. Момент за кој многумина говорат е вчерашното интервју на манекенката Ешли Греам со актерот Хју Грант, кое многумина го посочија како едно од најкатастрофалните и најчудни во историјата на наградите, а се тоа поради неговата дрскост, како што пишуваат американските медиуми. Од друга страна пак, однесувањето на Лејди Гага кон фотографот што имаше мала незгода на „црвениот“ килим денеска е можеби најпозитивната работа што ќе ја видите, а со што уште еднаш се докажа зошто пејачката и актерка е една од омилените во Холивуд.

Ѕвездите беа во своите најдобри изданија, со внимателно одбрани креации во претежно неутрални нијанси, со исклучок на неколку дами кои одбраа интензивна црвена и дефинитивно блескаа на церемонијата.

Нашите фаворити ги гледате низ текстот, а деновиве што следат се совршен момент да ги погледнете сите филмови победници, почнувајќи од „Everything Everywhere All at Once”.

 

 

 

 

 

 
 

 

 

13.03.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...