Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Ријана, бремена со второ дете, направи спектакл на Super Bowl!
БЛОГ

Ријана, бремена со второ дете, направи спектакл на Super Bowl!

 

Една од најголемите музички поп икони Ријана вчеравечер беше центар на вниманието кога во полн сјај настапи на полувремето на Super Bowl, покажувајќи го трудничкото стомаче и потврдувајќи дека е бремена по втор пат.

 

 

 

Облечена во кул црвени креации со потпис на Alaia и Loewe, таа направи вистински спектакл за кој денеска медиумите и социјалните мрежи имаат позитивни критики.

Последен пат таа имаше јавен настап во 2018 – тата со DJ Khaled, кога изјави дека ќе се повлече од сцената за да му се посвети на бизнисот, а неколку години подоцна го роди и нејзиното прво дете со ASAP Rocky.

Ријана го започна неверојатното шоу качена на платформа каде и за прв пат го покажа трудничкото стомаче со што ги потврди гласините дека е бремена по втор пат. Облечена во црвен комбинезон со впечатлив градник одоздола, дијамантски украси и патики, пејачката испеа некои од нејзините најголеми хитови во кариерата, со што ја воодушеви публиката.

 

 

Таа испеа вкупно 12 од нејзините најпознати песни, без да открие ниту една нова, со што се потврди дека таа дефинитивно сака да му се посвети на нејзиното семејство и новиот член што доаѓа.

Социјалните мрежи беа преплавени со позитивни коментари за своевремено, кралицата на поп музиката, посочувајќи дека се пресреќни што се вратила, но имаше и такви кои посочија дека настапот бил толку добро испланиран, што на моменти бил здодевен.

Иако беше вистински спектакл, можеше да се забележи дека имаше моменти кога пејачката, инаку позната по критиките за пеењето во живо, целосно се препушташе на позадинските вокали, а во ниту еден момент не се случи нешто непланирано.

 

Иако многумина очекуваа да се појави некој од нејзините колеги со кои испеа некои од најголемите хитови, но тоа не се случи. Испланирано од почеток до крај, веројатно и поради нејзината состојба, имаше моменти кога им се придружуваше на танчерите, но претежно се „чуваше“.

Во секој случај, никој не може да премине преку фактот дека таа направи вистински спектакл, а публиката беше „жедна“ за уште, со оглед на транспарентите кои гласеа “Концерт на Ријана, прекинат од фудбал“.

 

 

 Фото: ESPN, Yahoo

13.02.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...