Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Шопинг водич: Сите подароци со кои нема да погрешите за Валентин!
БЛОГ

Шопинг водич: Сите подароци со кои нема да погрешите за Валентин!

 

 

На само неколку дена пред празникот на вљубените, вистинско време е да тргнете во потрага по совршените подароци за вашите сакани.

 

 

Со оглед на тоа што последниве години празникот сè повеќе е насочен кон славење на љубовта не само кон партнерите, туку и кон пријателите и блиските личности, воопшто не двоумете се и почестете ги и нив со мало внимание.

Ние сумиравме мала листа со подароци за кои мислиме дека ќе допрат до вашите најблиски, а кои се сосема соодветни за еден од омилените празници во годината.

 

 

Она на што многумина му ставаат акцент оваа година е љубовта кон самите себе, па воопшто не двоумете се и овој Валентин поминете го во омилениот спа салон, купете си ги сите оние парчиња што толку ги мислевте, заминете на некое кусо патување што подолго време го посакувавте и што уште не.

Секако, она со што никогаш нема да погрешите се и гифт картичките кои секогаш се одличен избор за вашите најблиски да си го одберат она што го сакаат од каде и да сакаат.

 

 

Во нашата Valentine’s Collection сместивме различен тип на подароци кои знаеме дека ќе ви се допаднат, а дефинитивно ќе ви го олеснат изборот и скратат времето во потрага.

За дамите, секогаш полн погодок е долната облека на која кога ќе и го ставиме потписот на Women’secret, речиси и да не постои поубав избор. Подеднакво привлечен и соодветен за вашите сакани е и накитот од Parfois и Guess, особено колекциите со детали како срциња и испишани букви.

 

 

За момците пак одбравме неодоливи модни додатоци како часовник од Timberland како нешто со што никогаш нема да погрешите, капа Calvin Klein, чорапи и долна облека од Hugo, очила Mango и што уште не.

Денеска е совршен ден да отидете во шопинг по парчињата за вашите најблиски, сосема навреме за еден од омилените празници во годината, но во ниту еден момент не заборавајте да си го купите и парчето што толку долго го посакувавте.

 

 

 

 

 
 

 

 
09.02.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...