Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Сите крем парчиња што се љубов оваа пролет!
БЛОГ

Сите крем парчиња што се љубов оваа пролет!

 

 

Минусните температури овие денови нè натераа да ја посакуваме пролетта повеќе од кога и да е, а со тоа и сите парчиња во светли нијанси што доаѓаат со неа.

 

 

Иако за новата сезона беа најавени ултра интензивни бои меѓу кои и најпопуларната за 2023 – та, магентата, сепак, голем дел од дамите секогаш му се враќаат на минимализмот.

Веројатно тоа е така поради тоа што комбинациите со парчиња во едноставни нијанси секогаш се чинат за добитни, особено со нијанси како крем.

 

 

Друга придобивка на оваа нијанса е тоа што истата им одговара на дамите од сите генерации, без разлика на возраста и стилот што го негуваат.

Познатите девојки оваа сезона до толку се вљубени во крем нијансата, што носат целосни комбинации во оваа боја и изгледаат подобро од кога и да е.

Она што исто така е совршено кај оваа нијанса е тоа што сите парчиња во истата се вистински класици, па воопшто не треба да се двоумите пред да инвестирате во нешто.

 

 

Без разлика дали сте од оние девојки кои обожуваат да комбинираат фустани со палта, фармерки со кошула или пак некоја сосема друга шик комбинација, оваа пролет беж парчињата се задолжителни во секој плакар.

Прво парче на листата оваа сезона е дефинитивно палтото во крем нијанса или мантилот за првите пролетни денови, потоа патиките со некој интересен детал, џемперите за ова време од годината и модните додатоци како чанти и капи.

 

 

Парче без кое дефинитивно не можете оваа сезона се панталоните, а кога ќе ги замислите во крем нијанса и широки, тогаш имате сè што ви е потребно за стилска пролет.

Во новите колекции на нашите брендови има неодоливи парчиња во оваа нијанса, а за да ви го олесниме патот кон стилската пролет, ние одбравме некои од најдобрите кои можете да ги купите со само еден клик на фотографијата.

 

 

 

 

 
 

 

 

08.02.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...