Барај
Џенифер Лопез е божица за GUESS!
БЛОГ

Џенифер Лопез е божица за GUESS!

Веројатно и вие се согласувате со нас дека Џенифер Лопез е најзгодната жена во светот, па кога ќе кажеме дека е заштитно лице на кампањата на Guess за пролет 2020, не се сомневате дека резултатите се совршени.

Ова не е прва соработка на модната икона и познатиот бренд, а овојпат таа изгледа подобро од кога и да е.

Атрактивната 50 годишна пејачка и актерка на фотографиите ги покажува резултатите од постојаното вежбање, овојпат ултра интензивно со оглед на тоа што се подготвува за настапот на полувремето на Super Bowl.

Кампањата за пролетта што доаѓа, таа ја најави на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм, посочувајќи „Guess who’s back“.

За потребите на кампањата, фотосесијата е направена на плажа, а Џенифер носи тексас парчиња, совршен бел костим, впечатливи фустани со пролетен принт, но и костим за капење кој ѝ прилега едноставно неодоливо.

„Секогаш кога соработувам со некој бренд, помислувам на некој карактер што сакам да го глумам и да бидам, а токму тоа се случи со оваа кампања која за мене беше многу забавна“, изјави Џенифер за време на снимањето на истата.

Како што веројатно забележивте, сите фотографии се ретро, а на многу од нив таа неодоливо потсетува на ретро убавиците.

„Овојпат, кампањата е микс од изгледот на актерките од 60 – тите со оној на Мадона од 80 – тите и Софија Лорен. Многу беше забавно да „влезам“ во тие карактери и резултатот на крај да изгледа вака“, додаде прекрасната Џенифер во изјавата.

Режисер на кампањата е Пол Марчиано, кој изјави дека е воодушевен од тоа што има можност по втор пат да соработува со музичката дива и да создаде кампања која ја слави нејзината природна убавина.

На трети февруари се очекува Џенифер Лопез заедно со Шакира да настапи на полувремето на еден од најголемите настани во светот – Супербол.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                

28.01.2020.

Слични статии

10.
May.
2024.
БЛОГ
Дали си и ти еден од 70.000 регистрирани корисници на онлајн продавницата на Fashion Group? Ако одговорот е да, тогаш сме многу среќни што си дел од големото...
16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...