Барај
Новата сезона и официјално е започната!
БЛОГ

Новата сезона и официјално е започната!

Подготвени сте за шопинг? Иако неодоливите попусти сè уште се во тек, повисоките температури денеска нè потсетија дека вистинско време е да се подготвуваме за новата сезона. Додека го сториме тоа, не заборавајте дека залихите се намалуваат, па побрзајте да го купите омиленото парче на попуст од - 70 %. 

Направете место во вашиот плакар и за свежи стилски парчиња, бидејќи знаеме дека ќе се вљубите во производите од сезоната пролет/лето 2020 кои веќе можете да ги погледнете и нарачате на нашата онлајн страна.


.REPLAY машки фармерки - 7.890 ден. 

Освежете го вашиот стил и заборавете на сите темни нијанси во кои уживавте во текот на студените месеци и експериментирајте со поколоритни варијанти кои се на пиедестал сезонава.


WOMEN'SECRET наметка - 3.199 ден. 

Девојките никако не можат да се збогуваат со животинските принтови, па токму поради тоа можеме да ги видиме и во голем дел од новите колекции, а покрај зебра принтот кој е омилен, подеднакво популарен е и оној налик крокодил.


PARFOIS чанта - 1.890 ден. 

Пуфкастите ракави повторно се враќаат во мода, а девојките се вљубени во романтичното, па очигледно, тантелата и транспарентните материјали си го заземаа своето место.


MANGO кошула - 2.490 ден. 

Спојот од истите се впечатливи кошули и фустани кои ќе ги гледате многу често низ улиците претстојната топла сезона.


TIMBERLAND маица - 1.490 ден. 

Кога говориме за долните делови од комбинациите, фармерките со висок струк и црните деловни панталони во сите нови варијанти се must have, но никако не заборавајте и на кожените плисирани здолништа со кои никогаш нема да погрешите.


SPRINGFIELD машки џемпер - 1.999 ден. 

Принтовите се дел од речиси секоја колекција сезонава, па така, кошулите во било кој дезен се нешто што мора да го имате во вашиот плакар, а и одлични се за комбинирање со еднобојни парчиња или пак со парчиња со сосема различен принт за оние похрабрите.


GEOX патики - 4.990 ден. 

Момците и девојките сакаат да се чувствуваат удобно во секоја пригода, па направија спортскиот стил да завладее речиси секаде, скоро и на работното место.


LEVI'S женски дуксер - 4.590 ден. 

Дуксерите сè уште се омилени, овојпат во безброј нови варијанти со кои задолжителни се и впечатливи патики. Во преодната сезона момците обожуваат џемпери, а лесните варијанти во неколку бои се нешто што ви е сигурно за секој ден од неделата.


GUESS женски патики - 8.890 ден. 

Одберете си комбинации со кои загарантирано ќе бидете во центарот на вниманието на секоја пригода и нарачајте ги онлајн веднаш!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                

27.01.2020.

Слични статии

10.
May.
2024.
БЛОГ
Дали си и ти еден од 70.000 регистрирани корисници на онлајн продавницата на Fashion Group? Ако одговорот е да, тогаш сме многу среќни што си дел од големото...
16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...