Барај
%
×
Live in LEVIS
Дали 2023 – тата ќе биде година на Мајли Сајрус?
БЛОГ

Дали 2023 – тата ќе биде година на Мајли Сајрус?

 

 

Веројатно и не постои човек на светов што последниве неколку денa барем еднаш не ја пуштил новата песна на единствената Мајли Сајрус, или барем не ја чул на радио.

 

 

Да, станува збор за „онаа“ Хана Монтана која овојпат, доаѓа посилна од кога и да е, со стајлинзи меѓу кои и ретро Ив Сен Лоран фустан во неодолива златна боја што е подеднакво популарен како и песната едноставно наречена „Flowers“.

Според нејзините обожаватели, токму овој фустан не бил воопшто случајно одбран, туку бил посветен на актерката Џенифер Лоренс со која се претпоставува дека Хемсворт ја изневерувал, а која во една прилика со него се појавува во фустан во златна нијанса.

 

 

Дека таа направи вистинска револуција со нејзината нова песна, целосно посветена на поранешниот сопруг Лиам Хемсворт, кој според пишувањата на светските медиуми подолго време ја изневерувал, е и повеќе од сигурно.

Таа се врати на сцената на начин како никогаш досега, а песната објавена на роденденот на нејзиниот поранешен сопруг, се најде на првото место на сите позначајни топ листи за ултра кратко време.

 

 

Со нејзиното враќање, уште еднаш се потсетивме на нејзиниот исклучителен талент, а тоа го потврди и со ултра специјалната „Miley’s New Year’s Eve Party“ на Ен-Би-Си на која настапи со некои од најголемите имиња во музичката индустрија и направи вистински спектакл.

Како и во спотот, така и на специјалната новогодишна вечер, таа по којзнае којпат потврди дека е вистинска модна икона, но овојпат можеби малку посмирена, погламурозна од сето она на што бевме навикнати во минатото. Вечерта таа се појави во внимателно одбрани стајлинзи од некои од најголемите модни имиња, сите подеднакво шик и впечатливи, но далеку посмирени од сето она на што сме навикнати.

 

 

Во видеото за песната „Flowers“ покрај неповторливиот Ив Сен Лоран од 1991-та, пејачката носи и црн костим со акцент на волуменозното палто што е вистински хит ако говориме за модните трендови оваа година.

Повеќе од сигурно е дека оваа година на музички план дефинитивно ќе ја одбележи талентираната Мајли Сајрус и нејзиното посебно чувство за мода, а дека имаме химна за она што се нарекува љубов кон себе е потврдено.

Низ текстот се потсетуваме на некои од нејзините најуникатни стајлинзи и уживаме во оние од последниот период.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

25.01.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...