Барај
%
×
Forever denim with replay
Највпечатливите мажи од машката модна недела во Милано
БЛОГ

Највпечатливите мажи од машката модна недела во Милано

 

 

Со оглед на најавениот распоред на ревии на некои од најголемите модни куќи, повеќе од сигурно беше дека машката модна недела во Милано ќе донесе некои од најголемите светски имиња кога се познатите личности во прашање.

 

 

Така и беше. Највозбудлива се чини беше ревијата на Гучи, прва по заминувањето на Алесандро Мишел, на која се појавија најстилските момци на денешницата облечени во кул комбинации вредни за фотографирање. Сите следни, прикажаа исклучително добри колекции во кои внесоа многу боја, свежина, неодоливи пролетни принтови и сè што потсетува на најубавата сезона пред нас.

 

 

Плетивата и чантите со интересна форма со потпис на Прада апсолутно победија на оваа модна недела, а подеднакво возбудливи беа и новите парчиња на Фенди и JW Anderson.

Од друга страна пак, иако зима, улиците на Милано беа обоени во подеднакво свежи и разиграни бои преточени во широки јакни, панталони и палта со интересен крој, парчиња со лого од познатите брендови, џемпери со уникатни дезени и секогаш добри чевли.

 

 

Актерите Ед Вествик, Тео Џејмс и Медс Микелсен дефинитивно беа момците по кои сите се вртеа, а самите фотографии говорат зошто.

Облечени во безвременски комбинации, познатите момци предизвикаа вистински метеж на улиците на Милано, на пат кон ревиите на нивните омилени модни куќи.

 

 

Она што можевме да го забележиме оваа година низ улиците за време на Модната недела е тоа што момците стануваат сè похрабри во однос на моделите и боите што ги одбираат, а истото го поддржува и популарниот текст во Њујорк Тајмс со наслов „Момците треба да носат повеќе розово“.

Ако ништо друго, повеќе од сигурно беше дека секој присутен на Миланската модна недела остави свој, уникатен печат, надвор од она секојдневие на кое сме навикнати. Доколку оваа пролет ви требаше мотив повеќе за да го купите палото во јака боја што ви се допадна или пак панталоните со уникатен крој, овие момци нека ви бидат инспирација.

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото: Vogue, Vogue Singapore, The New York Times 

23.01.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...