Барај
Секогаш креативниот труднички стил на Блејк Лајвли...
БЛОГ

Секогаш креативниот труднички стил на Блејк Лајвли...

 

Веројатно знаете дека актерката Блејк Лајвли го очекува четвртото дете со нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс и дека дефинитивно е една од холивудските девојки со одлична смисла за хумор, но овојпат хуморот е на исклучително ниво.

 

 

Покрај тоа што таа изгледа одлично и во нејзината четврта бременост, на социјалните мрежи постојано објавува фотографии со кои се шегува со нејзиниот изглед, со кои објави ги анимира нејзините милионски следбеници.

Последно, таа се пошегува на сопствена сметка дека кога ќе дојде момент кога не можеш да го закопчаш твоето омилено здолниште, ниту пак можеш да го запетлаш омилениот фустан однапред, облечи ги и двете!

 

 

На тоа се надоврза со тоа дека две погрешни работи можат да направат една добра, на што доби лавина од позитивни коментари кои се однесуваа на нејзината смисла за хумор, но и на начинот на кој таа ужива во четвртата бременост и креативноста со која се справува со секојдневните комбинации.

Како и во секоја друга бременост, така и овојпат, прекрасната актерка и омилена Gossip Girl девојка блеска на секој јавен настан одбирајќи креации од нејзините омилени дизајнери, а подеднакво добро изгледа и во секојдневните лежерни комбинации со нејзиното семејство.

 

 

Сакајќи да ги оттргне папараците кои секојдневно ја чекале пред семејната куќа за фотографија повеќе, таа неодамна објави цел албум на Инстаграм, посочувајќи дека сега секој може да ја види бремена и дека е време да престанат да ја чекаат надвор затоа што ги плашат нејзините деца.

Како и секогаш, таа ги носи најинспиративните парчиња кога е во прашање трудничкиот стил, а ние денеска издвоивме некои од нејзините најшик комбинации од изминатиот период во кои може да ужива секоја една дама која очекува принова.

 

 

 

 

10.01.2023.

Слични статии

10.
May.
2024.
БЛОГ
Дали си и ти еден од 70.000 регистрирани корисници на онлајн продавницата на Fashion Group? Ако одговорот е да, тогаш сме многу среќни што си дел од големото...
16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...