Барај
%
×
Live in LEVIS
Fashion Group моден хороскоп: Кои се трендовите за тебе според твојот зодијак?
БЛОГ

Fashion Group моден хороскоп: Кои се трендовите за тебе според твојот зодијак?

 

Иако модните трендови постојано еволуираат, веројатно знаете дека секој хороскопски знак е познат по некој одреден стил, одредена боја што ја обожува, одредени парчиња во кои секогаш се чувствува добро.

 

*Насловната илустрација е инспирирана од новата колекција свечени фустани на Marciano by Guess 

Во име на стилот, новата година ја започнуваме со супер интересна тема која знаеме дека ќе ви се допадне, а добрата вест е тоа што секој месец ќе му оставаме простор на хороскопскиот знак што доминира и ќе ви ги посочиме сите парчиња во кои, според ѕвездите, ќе изгледате подобро од кога и да е. Од денеска, и официјално ја отвораме новата тема на нашиот блог, Fashion Group моден хороскоп. 

Првично, накусо раскажуваме на што секој хороскопски знак треба да посвети внимание кога се работи за стилот, а разговараме и за тоа кои се парчињата што најдобро ќе ви прилегаат за да блеснете во вистинско светло.

 

 

Овен – Секогаш уникатна естетика!

Сосема соодветно за вашиот бестрашен карактер, Овните се тие кои секогаш можат да комбинираат толку различни принтови, а да изгледаат како да се создадени да ги носат истите. Во новата година, ќе продолжите да се истакнувате од толпата со несекојдневниот стил за паметење, а во истата ќе се чувствувате подобро и посамоуверено од кога и да е. Месеците што доаѓаат, важно е да носите парчиња што го истакнуваат вашиот уникатен и еклектичен карактер, а верувајте како резултат на тоа, ќе блескате повеќе од кога и да е.

Бик – Блер Валдорф во уште постилско издание

Вие сте познати по вашите фенси комбинации, па макар тоа било и во домашна атмосфера. Уживате во дизајнерските и уникатни парчиња, а тоа ќе биде така и во новата што доаѓа. На пиедестал оваа година ќе ги ставите парчињата од твид кои секогаш оставаат луксузен впечаток, костимите со здолниште, како и мини чантичките од кои нема да можете да се разделите.

Близнаци – Wednesday Adams

Со оглед на тоа што отсекогаш важите за ултра интелигентни личности, вашиот стил често се поврзува со парчињата со чисти линии, костимите со прав крој, парчињата со пруги итн. Ви се чини познато? Мега популарната Wednesday Adams е кралица на овој стил во моментов, а истиот ќе биде и ваш во најголемиот период од годината. Не заборавајте да го освежите истиот, барем кога станува збор за модните додатоци.

Рак – Секогаш лежерно и удобно

Удобноста ќе остане да биде вашиот најдобар пријател и во новата година. Деновите што доаѓаат, во секој момент ќе сакате фармерките да ги замените со шик тренерки, хеланки или широки панталони. Она што е добра вест е тоа дека со овој стил можете да поминете секаде со оглед на неговата популарност, па нема да биде проблем лежерното да го комбинирате и за на работа. Различните бои се тука за да одговарт на секоја ваша промена во расположението како што беше и досега.

Лав – Барби стил

Како и досега, така и во новата ќе го сакате сето внимание за себе, а тоа носи и потреба за апдејтирање на вашиот стил во нешто уште поспектакуларно како стилот на Барби. За среќа, розовите парчиња се тотален хит во новата година, па нема да имате проблем да ги пронајдете вистинските за себе и да ги комбинирате како сакате.

Девица – Чиста естетика

Сите знаат дека девиците се познати љубители на чистата естетика и на сите едноставни парчиња со кои знаат да остават посебен впечаток. Истото ќе биде случај и во новата година, кога уште повеќе ќе се насочите кон парчињата со едноставен крој, но со стил. Ова веројатно значи комбинирање на панталони со широк крој, еднобојна маичка или кошула, надополнето со кул сако и секогаш пуштена и неодоливо средена коса.

Вага – Инди стил

И новата година ќе продолжи во вашиот препознатлив и истенчен стил, овојпат „зачинет“ со маички со рок принт, со плисирани куси здолништа, кожени јакни, шик фармерки со многу висок струк и чевли кои секогаш оставаат впечаток. Модните додатоци ќе бидат нешто на што ќе му посветите особено внимание и тие ќе говорат толку многу за вас.

Шкорпија – Секогаш толку готик!

Веројатно ова е стилот што никогаш не излегува од мода, а вие знаете да го носите толку добро. Така ќе биде и во новата 2023 година, кога ќе му додадете толку многу нови шик парчиња што ќе изгледате подобро од кога и да е. Секогаш со истенчен вкус, и овојпат ќе знаете да си поиграте со богати текстури, но и да додадете малку нови бои за промена. Парчињата што ќе ги обожавате се широкото тренч палто, корсетите и високите потпетици.

Стрелец – Удобно и авантуристички

Вашата желба за авантура секогаш ќе ве однесе на патишта кои нема да можете да си ги замислите, но оваа година, ќе се чувствувате толку добро. Соодветно, авантурите ќе бараат од вас да одберете лежерни и удобни парчиња во неодоливи бои, кошули со интересен принт за секојдневните обврски, впечатливи јакни, широки панталони и модни додатоци како капчиња и што уште не.

Јарец – Засекогаш цветно!

Како и досега, така и оваа година, вашето прибежиште ќе го најдете во природата која што ќе биде вашето среќно место. Следствено, вашата гардероба ќе биде полна со парчиња во нежни бои, дополнително украсени со цветен принт, а ќе ги обожавате сите форми на џемпери, елеци, чизми, накит со кристални детали и сите нијанси на розова, портокалова, црвена и кафена.

Водолија – Впечатливи во нијанси за сите погледи

Оваа година, ќе го барате секој начин за инвентивно да се изразите себеси, а тоа толку добро ќе го правите и преку облеката. Секогаш ќе одбирате парчиња во интензивни нијанси со дополнително истакнат сјај, парчиња што неодоливо потсетуваат на иднината, маички со транспарентни детали и секогаш, исклучително добар накит.

Риби – Елегантна балерина

Секогаш толку поетски расположени, оваа година за рибите целосно ќе биде во знакот на нежните парчиња што потсетуваат на омилените балерини, фустани во романтични нијанси, Одри Хепберн чевли, слатки додатоци за коса и што уште не. Во вашиот стил секогаш ќе сакате да вметнете дел од културолошките елементи како нешто што потсетува на вашата омилена музика, филм, претстава или танц.

Илустрација: Алмир Мили

 

03.01.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...