Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Животот на британската кралица на модата Вивиен Вествуд низ фотографии
БЛОГ

Животот на британската кралица на модата Вивиен Вествуд низ фотографии

 

Кралицата на британската мода Вивиен Вествуд почина мирно во нејзиниот дом во Лондон на 81 годишна возраст, а зад себе остави неверојатно модно наследство со кое ретко кој може да се пофали.

 

 

Прогласена од многумина за „виновник“ што панк културата стана мејнстрим, таа важеше за една од најпознатите и најдобрите модни дизајнерки во светот, а нејзината работа беше признаена и од кралското семејство кое и ја даде титулата Дама.

Нејзините уникатни дизајни ги носеа некои од најголемите ѕвезди во историјата, а ќе остане запаметена и по тоа што беше сериозен поборник за климатските промени чии последици често ги презентираше на модните писти.

 

 

Вљубениците во нејзините дизајни беа фасцинирани од парчињата што само таа знаеше да ги создаде, често андрогени, со впечатливи натписи, но секогаш толку впечатливи.

Она што е интересно за неа, а многумина не го знаат е дека пред да почне да се занимава со моден дизајн, работела како учителка во основно училиште, пред да ја отвори својата прва продавница за облека во Челзи со нејзиниот партнер Малколм Мекларен.

Животот целосно им се менува кога тој станува менаџер на тогаш ултра познатата група Sex Pistols, а таа, успешно им ги создава парчињата што ги носат на секоја турнеја.

 

 

Нешто подоцна, станува дизајнер на костимите на некои од најпознатите ТВ емисии и филмови, а сето останато е веќе историја.

Позната беше и по нејзиниот исклучителен и секогаш посебен став и размислување за нештата, секогаш толку уникатна и посебна и решителна да го тргне зборот „удобен“ од речникот.

Денеска, во нејзина чест се потсетуваме на некои од нејзините најдобри изданија и моменти од животот кои секогаш ќе се паметат.

 

 

 

 

 

30.12.2022.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...