Барај
%
×
Live in LEVIS
Кога не знаете што со косата, ставете венче!
БЛОГ

Кога не знаете што со косата, ставете венче!

Иако веројатно сè уште сте во оној период кога од модни додатоци на прво место ги ставате зимската капа и шал, време е полека да се подготвуваме за деновите кога ќе можеме да се збогуваме со истите.

Шармантните венчиња за коса се совршениот моден додаток со кој ја повикуваме топлата сезона, па денеска ве потсетуваме на убавините што сонцето ги носи со себе.


MANGO венче - 999 ден. 

Истите се омилени сојузници на дамите кои ги обожуваат во оние денови кога не знаат што да прават со косата, а знаеме дека времето за подготвување наутро секогаш е многу кратко.

Во тие моменти, венчињата за коса, особено оние едноставните и елегантни се прв избор, независно од комбинацијата што ја носите.


PARFOIS венче - 690 ден. 

Без разлика дали ќе одберете елегантен женски костим, лежерен фустан или пак фармерки со висок струк и кошула, венчињата од нашите брендови секогаш ќе ви излезат во пресрет.


PARFOIS венче - 690 ден. 

Сега, полесно од кога и да е, можете да си ги нарачате омилените модели на венчиња онлајн и да се обезбедите во текот на целата сезона. Она што особено ќе ве израдува е одличниот попуст на кој сега се достапни и вашите омилени додатоци за коса и уште многу други парчиња. 


WOMEN'SECRET венче - Од 599 ден. на 299 ден. 

Што се однесува до боите, бидете храбри и носете црвено венче и преку ден, а не размислувајте и доколку сакате да го комбинирате и она светкавото што секогаш го оставававте за вечерните излегувања.


WOMEN'SECRET венче - Од 599 ден. на 299 ден

Само за вас, издвоивме неколку модели од колекциите од нашите брендови, во кои знаеме дека ќе се вљубите на прв поглед и со кои ќе сакате да ја збогатите вашата колекција на модни додатоци.


PARFOIS - 690 ден. 

Сезонава, подеднакво популарни се и останатите додатоци за коса, па не двоумете се да си набавите некои со впечатливи пердуви, бисери или што и да посакате.

Овие модни додатоци нè прават нетрпеливи за топлата сезона, а вас?

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                    

21.01.2020.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...