Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Сите комбинации за новогодишната ноќ се со потпис на Fashion Group!
БЛОГ

Сите комбинации за новогодишната ноќ се со потпис на Fashion Group!

 

Колку и да не сакаме да признаеме, декември е дефинитивно најубавиот месец во годината! Иако студено, целиот месец е посветен на празничната сезона, а таа со себе секогаш носи некоја посебна топлина.

 

 

Покрај најубавите празници во овој месец, она за што сме најмногу возбудени се комбинациите што ги носиме во секоја една свечена пригода.

Празничната сезона секогаш е полна со многу настани и предновогодишни забави на кои секогаш сакаме да оставиме впечаток плус.

Оваа година, брендовите на Fashion Group ги имаат најубавите колекции во кои ќе ги најдете совршените светкави парчиња што дефинитивно нѝ недостасуваа изминатите години.

 

 

Ако сè уште не сте ги одбрале комбинациите за новогодишната ноќ, сега е вистинскиот момент да го направите тоа, а фотографиите што ги гледате во прилог, апсолутно ќе ве инспирираат.

Во празничната фотосесија на Fashion Group, групацијата предлага светкави и уникатни парчиња што ќе ја освежат секоја ваша комбинација и ќе ѝ дадат неодолив изглед.

Без разлика на тоа каков е вашиот стил, меѓу парчињата што се внимателно одбрани за фотосесијата, ќе најдете сè, почнувајќи од минималистички комбинации па сè до оние со „wow“ ефект што дефинитивно нѝ се потребни по две години пауза.

 

 

Бидете кралица на новогодишните забави и одберете целосно светкаво здолниште со висок сјај комбинирано со боди со впечатлив детал, но и долг црвен фустан за да се истакнете од сите останати.

Бидете храбри и експериментирајте со празничниот стил комбинирајќи парчиња во зелена нијанса со светкави моменти, без притоа да се двоумите да им додадете сандали во интензивна розова боја.

Момците пак, оваа сезона уживаат во топлите парчиња надополнети со впечатлив капут, но изгледаат поелегантно од кога и да е со внимантелно одбран смокинг или пак палто во некоја новогодишна нијанса изработено од секогаш празничниот велур.

Нашите предлози за прекрасните денови овој месец ги гледате преку новогодишната фотосесија во која сместивме толку многу шармантни парчиња, само за вас.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Организација и реализација: Fashion Group

Фотографија: Антонио Станков

Шминка/фризура: Милена Косиќ, Никола Петров

Модели: Ангелина Китановска, Игор Гошев

23.12.2022.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...