Барај
%
×
Live in LEVIS
Новата ера на Rebelde: Каков печат ќе остават новите бунтовници?
БЛОГ

Новата ера на Rebelde: Каков печат ќе остават новите бунтовници?

 

Ако сте од оние кои обожуваат слободното време да го пополнуваат гледајќи серии на Нетфликс, тогаш сигурно ја погледнавте новата, едноставно наречена „Rebelde“ која веднаш нè потсети на едни супер времиња кога познатата теленовела беше тема на разговор на секој тинејџерски собир.

 

 

И да, истата е еден вид продолжение на приказните на омилените ликови од тоа време, но во многу помодерно издание, целосно посветено на љубовта кон музиката.

Сосема очекувано, реакциите на фановите се целосно поделени, па така, ќе прочитате дека освен љубовните приказни нема поради што друго да ја гледате, но има и такви кои посочуваат дека во серијата ќе чуете исклучително добра музика и дека серијата е впрочем подобра од очекуваното.

 

 

Серијата всушност ја следи приказната на новата генерација шик студенти во познато елитно училиште, кои ќе се здружат за да го освојат првото место на натпреварот Battle of the Bands.

Меѓу нив, најголемото внимание го привлекува веќе познатата поп ѕвезда Jana Cohen Gandia која сака сериозно да се занимава со музика и е ултра популарна во новото училиште. Токму таа, која има исклучителен глас, ќе биде дел од новиот омилен бенд заедно со Esteban, Luka Colucci, МЈ, Dixon и Andi сите подеднакво талентирани музичари, жедни за победа.

Најголем дел од фановите се обземени од љубовната приказна на Emilia и Andi, кои ќе посочат дека енергијата помеѓу овие две девојки е она што целосно го „краде“ шоуто.

Сосема очекувано, во моментите кога не носат униформи, момците и девојки изгледаат тотално стилски, комбинирајќи парчиња кои потсетуваат на вистински рок ѕвезди, но и на она како младите сакаат да изгледаат денеска.

Серијата привлече огромно внимание, па така ѕвездите на истата можеме да ги видиме на насловните на шпанскиот Vogue и Elle, облечени во парчињата од последните колекции на некои од најпознатите дизајнери.

 

 

 

Ние длабоко веруваме дека серијата ќе ја достигне популарноста на она што ние обожувавме да го гледаме години наназад, а повеќе од сигурни сме дека модата во истата ќе биде една од најозборуваните следната сезона.

 

 

 

 

 
 

 

12.01.2022.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...