Fashion Group им овозможува на своите клиенти да направат совршен избор за подарок. Со гифт картичките што можат да се купат во одредени продавници на Fashion Group, изборот на соодветен подарок никогаш не бил полесен. Клиентите можат да купат гифт картичка со вредност по свој избор, а лицето кое ја добило картичката може само да одбере совршена комбинација за себе.

Гифт картичките се достапни во следните продавници: Bitsiani City Mall, Boss City Mall, Dan John East Gate, Mango City Mall, Mango East Gate, Parfois City Mall, Parfois East Gate, Parfois Suma - Куманово, Parfois Palma Mall - Тетово, Springfield City Mall, Springfield East Gate, WomenSecret City Mall, Okaidi City Mall, Okaidi East Gate и Okaidi Suma Куманово.


Износ на гифт картичките:

  • Bronze card – во вредност од 1000 ден.
  • Silver card – во вредност од 3000 ден.
  • Golden card – во вредност од 5000 ден.

Начин на купување и искористување на гифт картичките:

  • Гифт картичките може да се купат директно во продавниците на Fashion Group во готово или со картичка.*
  • На задната страна на секоја гифт картичка е наведено во кои продавници може да се искористи неговата вредност. 
  • При купување на гифт картичката купувачот добива фискална сметка која задолжително треба да ја приложи корисникот на картичката при искористување во продавниците.
  • Износот на гифт картичките не може да се замени со парични средства.
  • Важноста на гифт картичката е 60 дена од денот на купување. Датумот е регулиран на фискалната сметка која е издадена и приложена со самата гифт картичка.
  • Гифт картичката не може да се дополнува и при искористување треба истата да се остави во продавницата.
  • При купување на гифт картичките не се калкулираат поени на Loyalty картичките на лицето кое го извршило купувањето.

*Гифт картичките не можат да се купат и искористат на онлајн продавницата и во продавниците на компанијата Еурофешн Трејд ДОО Скопје, односно: Fashion & Friends City Mall, Fashion & Friends East Gate, Guess City Mall, Hugo East Gate, Kiko Milano City Mall, Kiko Milano East Gate, Levi’s City Mall, Replay City Mall, Timberland City Mall, Timberland East Gate и Fashion & Friends Outlet ГТЦ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

При користење на гифт картичката, мора да се искористи целиот износ!

Износот на сметката/купувањето мора да биде ист или поголем од износот на картичката, остатокот не се враќа. Доколку сметката за купувањето при користењето на ваучерот е поголема од износот на ваучерот, доплаќање може да се врши во готово или со платежна картичка.

  • Пр: доколку сметката е 800 денари, а гифт картичката е со износ од 1000 денари, ќе биде одземена целата сума од 1000 денари.
  • Пр: доколку сметката е 1200 денари, а гифт картичката е 1000 денари, треба да се доплатат дополнителни 200 денари во готово или со платежна картичка.

Одберете гифт картичка директно во продавниците на Fashion Group, каде што важи програмата и направете нечиј ден посебен!