РЕКЛАМАЦИИ

Производот кој што е нарачан онлајн и е доставен од страна на курирската служба, потребно е да го проверите веднаш по приемот и доколку истиот има видливи оштетувања, како искинати делови или нагмечувања веднаш пријавете до контакт центарот на Fashion Group на е-маил online@fashiongroup.com.mk или на еден од телефонските броеви наведени на сајт.

Со цел да се процесира рекламацијата потребно е да ни испратите е-маил со следните информации:

- Број на нарачка.

- Шифра и величина на производот што сакате да го рекламирате.

- Опис на проблемот што го имате и слика од оштетениот производ.

Рекламацијата без потребните информации се смета за некомплетна.

Пријавувањето на производ кој што е ошететен потребно е да го направите во рок од 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување со етикета, декларација, кутија, фактура и истиот не треба да е носен и перен.

 

Рекламациите се прават исклучиво онлајн и не е можна физичка рекламација за производи нарачани онлајн во нашите продавници.

По приемот на барањето за рекламација, агентите од корисничка поддршка на Фешн Груп ја известуваат курирската служба да го подигне производот кој што сакате да го рекламирате од Вашата адреса и да го врати во продавница.

Откако производот ќе биде вратен во продавница, ќе се утврди дали станува збор за физичко или механичко оштетување, а потоа се испраќа соодветна замена или се рефундираат платените средства. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, ќе биде одбиена рекламацијата и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.

Рекламацијата се реализира во рок од 14 дена од приемот на производот, само доколку производот не е употребуван, не е перен и пакувањето е неоштетено. Доколку производот  не се врати во оргиналното пакување рекламацијата нема да биде одобрена.

Без претходна комуникација и договор со агентите од корисничка поддршка, преку еден од контакт телефоните или на е-маилот кој е наведен погоре, не можете самоиницијативно да правите рекламација во малопродажните објекти на нарачаниот производ.

Целокупната процедура за замена на производ или рефундација поради рекламација може да трае до 14 дена.

 

РОК ЗА РЕКЛАМАЦИЈА

Процедурата за рекламација на производи, купувачот е потребно да ја започне најдоцна во рок од 24 часа по прием на производот. Потоа, рокот за замена или рефундација на средства за оштетениот производ е 14 дена од моментот на поднесување барање од страна на купувачот, по прием на производот.

 

ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА

Во случај производот кој што сте го добиле е погрешен или оштетен, трошоците за превземање и враќање на производот во продавница ги превзема Fashion Group.

 

РЕФУНДАЦИЈА НА СРЕДСТВА

Доколку се одлучите место замена на производот, да се реализира поврат на средства, Фешн Груп има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката. Доколку производот бил платен во готово по испорака, рефундацијата се врши на трансакциската сметка на купувачот. Целокупната процедура за рефундација може да трае до 14 дена.

 

НАПОМЕНА:

Со потврдување на нарачката, со кликнување на копчето ПОТВРДИ НАРАЧКА, се согласувате со условите на рекламација.

 

Документ рекламации.