Оваа Политика на приватност содржи објаснувања за обработката на лични податоци при посета и / или користење на интернет услугите достапни на нашата веб страница www.fashiongroup.com.mk.

 

ЦЕЛИ И НАЧИН НА ОБРАБОТКА

Предмет на обработка се податоци за посетителите на веб страницата www.fashiongroup.com.mk и купувачите на производи преку оваа веб страница (понатаму “корисниците“).

За успешно реализирање на нарачките, неопходно е да ги обработуваме податоците за име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на групацијата Фешн Груп се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само наведените основни податоци за купувачите (корисниците) кои се неопходни за постапување по нарачките и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите/корисниците грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Вработените во групацијата Фешн груп се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци и да ги спроведуваат мерките за нивна заштита.

Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите корисници ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.

Личните податоци се обработуваат на совесен и транспарентен начин, согласно важечките прописи за заштита на личните податоци, во мера која е потребна и доволна исклучиво за остварување на целите на обработката на личните податоци.

При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.

Личните податоци се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои се обработуваат личните податоци.

 

Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. Освен тоа, кога за потребите на испорака на нарачаните производи до купувачите ќе бидат ангажирани овластени субјекти за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на давање на нивните услуги.

Веб страницата www.fashiongroup.com.mk не е наменета за лица под 14 години. Фешн груп нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу.

 

Веб страницата www.fashiongroup.com.mk  користи  „cookies“ односно “колачиња“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. “Cookie“ е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. “Cookies“ не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на “сookies“ е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време. Деталите за Политиката за колачиња се достапни на следниот ЛИНК.

 

Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата www.fashiongroup.com.mk може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат. На корисниците им даваме можност за избор, вклучувајќи можност во секое време да ја повлечат дадената согласност за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг. Деталите за Политиката за користење на личните податоци за цели на директен маркетинг се достапни на следниот ЛИНК.

 

ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ

Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.

Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.

СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ

Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.

КОНТАКТ

Сите прашања и барања во врска со обработката на личните податоци преку веб страницата www.fashiongroup.com.mk и во врска со оваа Политика на приватност, корисниците може да ги упатат до Офицерот за заштита на лични податоци Билјана Крстевска преку следниот контакт:

  • Телефон: 02 3215 908
  • e-mail: b.krstevska@fashiongroup.com.mk