Важно: поради технички причини лојалти програмата моментално не е достапна ONLINE. 

Ви благодариме на разбирањето.

 

Добродојдовте во клубот на лојални купувачи на Fashion Group!

За да ја наградиме Вашата доверба, за нашите редовни купувачи отсега овозможуваме  нов начин на стимулирање преку собирање на вредносни поени  и нивно трошење, како и голем број на поволности при секое купување.

Зголемување на обемот на извршени трансакции значи и остварување зголемен бенефит и поволности при купувањето.

КАКО ДА ЈА КОРИСТИТЕ ВАШАТА ЛОЈАЛТИ КАРТИЧКА ПРИ ОНЛАЈН КУПУВАЊЕ?

По избор на омилените производи кои сакате да ги купите, појдете во "моја кошничка" во горен, десен агол и внесете ги податоците за вашата лојалти картичка овде:

По внесување на бројот од вашата картичка , веќе имате пристап до информациите на вашата картичка  и имате единствена можност за собирање на вредносни поени сега и на Онлајн.

*ВАЖНО: ЕДИНСТВЕН НАЧИН ЗА ДА БИДЕ ВАЛИДНА ВАШАТА ЛОЈАЛТИ КАРТИЧКА Е  ДА СЕ РЕГИСТРИРАТЕ СО ИСТАТА MAIL АДРЕСА КОЈА СТЕ ЈА ЗАПИШАЛЕ ВО ОБРАЗЕЦОТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛОЈАЛТИ КАРТИЧКА. ДОКОЛКУ НЕ СТЕ РЕГИСТРИРАНИ СО ИСТИОТ MAIL НА НАШАТА ОНЛАЈ ПРОДАВНИЦА КАКО ТОЈ ОД LOYALTY КАРТИЧКАТА, ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ПРОМЕНИТЕ ПРИ НОВА РЕГИСТРАЦИЈА НА НАШАТА ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА И ДА ЗАПАЗИТЕ ДА БИДЕ ИДЕНТИЧЕН:

КАКО ДА СЕ СТЕКНЕТЕ СО ЗЛАТНА КАРТИЧКА ЗА ЛОЈАЛНОСТ?

Со секоја сметка од или над 6.000 денари направена во која било продавница на Fashion Group, имате можност да станете дел од клубот на лојални потрошувачи и да уживате во уште едно уникатно шопинг искуство. Собирањето на поени започнува веднаш по стекнувањето на картичката и истите ќе можат да се искористат при следното купување.

НАЧИН НА СОБИРАЊЕ ПОЕНИ:

КАРТИЧКА СО ПОЧЕТНИ ПРИВИЛЕГИИ

5% од сумата која ја плаќате при секое купување се префрла на Вашата картичка.
Пример: со сметка од 6.000 денари, добивате 300 поени = 300 денари.

КАРТИЧКА СО ЗГОЛЕМЕНИ ПРИВИЛЕГИИ

Привилегиите се зголемуваат со регистриран промет од 60.000 денари на Вашата картичка во текот на една календарска година.
10% од сумата која ја плаќате при секое купување се префрла на Вашата картичка.
Пример: со сметка од 60.000 денари, добивате 6000 поени = 6000 денари.

КАРТИЧКА СО НАЈГОЛЕМИ ПРИВИЛЕГИИ

Привилегиите се зголемуваат со регистриран промет од 120.000 денари на Вашата картичка во текот на една календарска година.
15% од сумата која ја плаќате при секое купување се префрла на Вашата картичка.
Пример: со сметка од 120.000 денари, добивате 18.000 поени = 18.000 денари.

*за време на сезонски попуст пресметувањето на добиените поени е според преполовени вредности, односно 2.5%, 5% и 7.5%.

Освен собирање поени, како наши лојални купувачи ги добивате и следните поволности:

  • Редовно информирање за пристигнување на нови колекции, промоции и попусти
  • Користење на специјалните акции и попусти за лојални купувачи
  • Ексклузивна можност за купување на сезонски попуст пред останатите
  • Станувате дел од специјални настани наменети само за членовите на клубот на лојални потрошувачи
  • Бесплатни кројачки услуги за корекција на панталони и одела
  • Креирање специјални понуди во согласност со Вашите потреби и желби
  • Уште многу награди и изненадувања!

 

За сите прашања контактирајте нè на: office@fashiongroup.com.mk или 02 3215 908.

 

ПРАВИЛА И УСЛОВИ