Барај
%
×
Forever denim with replay
Забава во шпански дух и многу попусти во омилениот Springfield!
БЛОГ

Забава во шпански дух и многу попусти во омилениот Springfield!

 

Во духот на една од најегзотичните земји на светот, омилениот шпански бренд на младата популација Springfield беше местото каде требаше да бидете овој вторник!

 

 

Со звуците на секогаш неодоливата латино музика внимателно одбрана од DJ Кате, надополнета со салса точка што беше во центарот на вниманието, продавницата на Springfield во East Gate Mall привлече голем број посетители кои уживаа во несекојдневната забава.

За атмосферата да биде уште поинтересна, на самиот настан во продавницата беше поставено импровизирано фото студио во кое сите што дојдоа имаа можност да се забавуваат и да бидат фотографирани од шармантниот Мартин Трајановски.

 

Инспирирани од магијата на Шпанија, сите кои присуствуваа на настанот уживаа во неодоливите слатки задоволства и пијалоци карактеристични за магичната земја, а особено впечатлива беше декорацијата која беше совршена за кул фотографии.

Она во што се чини сите уживаа најмногу секако беше шопингот на новите кул парчиња од колелциите на брендот, а специјално за настанот, вечерта имаа можност истите да си ги набават по супер намалување од -20%.

Продавницата на брендот беше дополнително разубавена со присуството на некои од најпознатите инфлуенсери и познати личности кои уживаа во дружбата и фотографирањето во делот со Photo Booth кој секогаш носи толку забава со себе.

Секогаш славејќи ја убавината на земјата од каде потекнува, и оваа сезона брендот донесе колекција полна неодоливи парчиња создадени за уживање во студените денови пред нас.

Доколку сè уште не сте ја погледнале истата, сега е вистинско време да ги посетите продавниците на брендот и да одберете од топлите џемпери, стилските фустанчиња, дуксерите во најкул бои и секогаш добриот џинс и модни додатоци.

Погледнете дел од атмосферата на настанот во продавницата на Springfield на кој забавата дефинитивно беше на супер високо ниво!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

16.11.2022.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...