Барај
%
×
Forever denim with replay
Не пропуштајте: Најубавите капути на супер намалување!
БЛОГ

Не пропуштајте: Најубавите капути на супер намалување!

 

Веројатно веќе знаете дека во тек се сезонските намалувања во чии рамки можете да си ги набавите сите оние парчиња што толку ги чекавте по супер цени, а дел од понудата се и фаворитите на сезоната – стилските капути!

 

*Кејти Холмс во неодолив Mango капут во темно зелена нијанса - сега, на супер намалување

Сега е совршен момент да го одберете вашиот омилен, бидејќи намалувањата достигнуваат и до неверојатни -70%! Со оглед на тоа што капутите дефинитивно се едни од најголемите зимски класици, тие секогаш се супер инвестиција кога станува збор за сезонските намалувања, бидејќи истите можете да ги набавите по неверојатни цени.

 

 

Почнувајќи од најелегантните модели дури и за оние најпребирливите, па сè до шик и тренди за секојдневните комбинации, изборот на капути е навистина огромен и неверојатно привлечен, особено кога цените на истите се навистина примамливи.

Долгите капути и оваа сезона се истакнаа како можеби едни од најголемите модни фаворити, па токму такви ќе најдете во изобилие во нашата понуда во рамки на сезонските намалувања, со потпис на некои од најголемите брендови како Mango, Guess, Springfield, Dan John, Mango Man и многу други.

 

 

 

Како и секоја сезона, боите на тренди капутите се навистина неодоливи, но она што оваа студена сезона фасцинира е тоа што јаките и впечатливи бои повторно ги освоија улиците. Но, подеднакво омилени се и класиците како оние во крем и црни нијанси, како парче што секоја дама треба да го има во плакарот.

За сите оние кои секогаш бираат удобност, тука се и oversize моделите кои тренди девојките ги бираат пред сè останато, во супер нијанси совршени за комбинирање.

Ние направивме мала селекција на дел од најубавите капути во рамки на понудата од сезонското намалување, а вие не пропуштајте ги и уште денеска инвестирајте во вашиот омилен!

 

 

 

 

 
 
21.01.2022.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...