Барај
%
×
Guess - La dolce Vita
Најдобрите блогови за 2021: Вистинските приказни, секогаш омилени!
БЛОГ

Најдобрите блогови за 2021: Вистинските приказни, секогаш омилени!

 

Иако постојано си потврдуваме дека тоа е така, правејќи рекапитулација на сето она што го направивме изминатата година кога се блоговите во прашање, забележавме дека секогаш вистинските и искрените приказни доаѓаа на прво место.

 

 

Токму така и треба да биде, тоа нѝ беше и единствената цел, до вас да ги доближиме сите омилени личности и трендови во кои ние веруваме, а знаевме дека и вам ќе ви се допаднат.

Сосема на крај на годината, ви ги претставуваме најомилените ваши блогови кои дефинитивно ни се почетна точка за следната година, да ви презентираме уште подобри содржини.

 

 

Очекувано, приказните за кампањите на Fashion Group и фотографиите со кои ги одбележавме истите се најдоа на првите места, а и не можеме да бидеме порадосни за тоа, земајќи ја предвид енергијата и трудот што го вложивме за истите да ви се допаднат.

Иако пандемиска, изминатата година беше навистина возбудлива на свој начин, претставувајќи ни услови за работи кои не ги познававме, но сепак, успеавме да ги прифатиме и да го „извадиме“ најдоброто од ситуацијата.

 

 

Снимајќи кампањи во исклучително тешко време за сите, сè со цел да бидеме дел од новата реалност во која требаше да научиме поинаку да се радуваме, наидовме на неверојатни луѓе со фантастични карактери и светски кариери за кои и повеќе од драго ни е што оставија белег во нашата работа изминатата година.

Разговаравме со еминентни лица кои на свој, посебен начин говореа на зададената тема за која сметавме дека е од огромна важност во дадениот момент, а направивме и интервјуа со некои од вашите омилени личности за кои добивме навистина позитивен фидбек.

 

 

Успеавме да споиме некои од најубавите дами во Македонија и да создадеме приказна за која сме и повеќе од среќни што после толку месеци остана да сведочи за обновените пријателства, за вистинската убавина на жените одвнатре, за сето она што тие значат за општеството.

Ве потсетивме и колку се значајни редовните прегледи во време кога единствено здравјето треба да нѝ е приоритет, но и ви прикажавме една сосема поинаква кампања во која ги вклучивме „Нашите деца“ со цел уште еднаш да се потсетиме дека иднината им останува токму на нив.

 

 

 

Крајот на годината за нас го одбележаа отворањето на новите продавници во East Gate Mall кои се само дел од она што ќе биде успешна приказна во следната, нова година за сите.

Сосема на крај, ви благодариме за навистина убавите реакции за новогодишната емотивна реклама со која сакавме да ја завршиме нашата година и да ви ветиме дека следната, ќе биде уште подобра за сите.

Ви благодариме за секој преглед на нашиот блог што исклучително нѝ значи, а во новата и уште поубава година, заеднички одиме во потрага по нови приказни!

Среќни празници.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

31.12.2021.

Слични статии

19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...
27.
Dec.
2023.
БЛОГ
Долгоочекуваниот сезонски попуст во Fashion Group започна! Искористи ја можноста за попусти до -50% и заврши ја годинава со шопинг каков што одамна не си има...