Барај
%
×
Guess - La dolce Vita
Како девојките ги носат UGG чизмите оваа сезона?
БЛОГ

Како девојките ги носат UGG чизмите оваа сезона?

 

Веќе подолг период уживаме во екот на есенската сезона која за среќа, нè почести со убаво и сончево време совршено за инспиративни комбинации.

 

 

Кога говориме за инспиративните есенски комбинации, дефинитивно постои еден бренд чии обувки секогаш се толку уникатни и изгледаат тотално шик при стилизирањето.

Оваа сезона, девојките повторно се надминаа себеси кога се во прашање обувките со потпис на UGG, а токму сега е совршено време за шопинг на вашиот омилен пар ако сè уште не го направивте тоа.

 

 

Сосема во стил на есента, одбирајќи парчиња во земјени тонови, девојките и оваа сезона ги одбираат топлите и супер удобни UGG модели, сега, надополнети со украси како панделки и синџири, интересни пресеци, како и неодоливи бои.  Девојките на Инстаграм обожаваат да ги споделуваат своите комбинации со омилените обувки, а од она што можеме да видиме, во истите тие вметнуваат и лежерни и романтични есенски фустани, шик фармерки и панталони дополнети со кошула и плетен елек, волуменозни џемпери и што уште не.

 

 

 

 

Во продавницата на Fashion&Friends деновиве пристигна новата колекција на брендот, па доколку сè уште не ги погледнавте вашите фаворити, сега е совршена можност за тоа. Доколку сте од оние што уживаат во шопингот од дома, само за вас денеска подготвивме мала инспирација која знаеме дека ќе ви се допадне!

 

 

 

 

 

 

23.11.2021.

Слични статии

19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...
27.
Dec.
2023.
БЛОГ
Долгоочекуваниот сезонски попуст во Fashion Group започна! Искористи ја можноста за попусти до -50% и заврши ја годинава со шопинг каков што одамна не си има...