Барај
%
×
Forever denim with replay
Ова лето носиме ланчиња со хороскопски знаци од Манго!
БЛОГ

Ова лето носиме ланчиња со хороскопски знаци од Манго!

 

Ако ова лето ви требаше совршеното парче накит, ние го имаме токму тоа што го барате! Вашиот омилен бренд Манго неодамна ја промовираше новата колекција накит која се состои од ланчиња во златна нијанса со сите хороскопски знаци, сосема совршени за украсување на секоја комбинација. Истите, можат да бидат совршен подарок за вашата мајка, пријателка, сестра, но уште посовршени доколку си ги купите за себе и секогаш се потсетувате на карактеристиките на вашиот знак.

 

Ланчињата се ултра уникатни сами по себе, изработени од супер интересен материјал во неправилна, кружна форма со уникатно исцртано соѕвездие кое е дополнително украсено со колоритни циркони.

Во продолжение ги гледате сите ланчиња од колекцијата со мал потсетник зошто секој хороскопски знак е посебен и уникатен сам по себе.

*Овен

Спонтани и храбри, тие никогаш не се плашат да започнат нова авантура. Понекогаш, овие луѓе не знаат за „филтер“.

*Бик

Практични и доверливи, Биковите секогаш се еден вид оаза на смиреноста каде секогаш можеш да се засолниш. Иако знаат да бидат тврдоглави, тие најдобро ќе ве ислушаат.

*Близнаци

Бескрајната љубопитност ги води Близнаците кон тоа секогаш да сакаат да знаат повеќе. Моќта на нивната имагинација нема граници.

*Рак

Многу чувствителни. Раковите наоѓаат среќа во семејството, пријателите и домот. Тие имаат носталгична и романтична страна.

*Лав

Решителни и харизматични, Лавовите доминираат со својата личност. Секогаш имаат верба во себе и ги следат своите инстинкти.

*Девица

Не постои поголем перфекционист од Вагите. Нивната интровертна природа крие неверојатна интелигенција. 

 *Вага

Контрадикторни на површината, Вагите се екстремно емпатични и брзи по природа. Тие секогаш уживаат во друштво и се грижат за другите.

 

*Шкорпија

Шкорпиите секогаш се оние луѓе на кои може да се потпрете, интелигентни и неверојатно интересни. Тие секогаш ги прашуваат најдобрите прашања.

 

*Стрелец

Слободни и авантуристички настроени, Стрелците секогаш се во потрага по нови предизвици. За нив, исклучителна важна работа се патувањата, не само дестинацијата.

 

 *Јарец

Одговорни и смирени, Јарците нема да се одморат додека не ја постигнат својата цел. Тие секогаш сакаат да бидат најдобрата верзија од себе.

 

 *Водолија

Одличната смисла за хумор и идеализмот се карактеристиките што го дефинираат овој знак. Тие се утопични и вечни баратели на слобода.

 

*Риби

Емоциите и имагинацијата се можеби најголемите квалитети на овој знак. Чувствата се секогаш присутни во секој момент од животот.

29.07.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...