Барај
%
×
Guess - La dolce Vita
Секој ден од април носиме пастелно!
БЛОГ

Секој ден од април носиме пастелно!

 

 

Веројатно не постои човек што не ужива во убавините што со себе ги носи пролетта, а една од тие убавини се дефинитивно комбинациите во светли нијанси.

 

Ако сте од оние кои секогаш ги бираат црно – белите комбинации пред сè, топлата сезона е време кога можете да експериментирате со стилот и во истиот да вметнете пастелни нијанси како ултимативен хит овие денови.

 

Романтични, ефективни и неодоливо шармантни, парчињата во пастелни нијанси конечно го добија местото што го заслужуваат, па сè поголем е бројот на момци и девојки кои ги разубавуваат улиците со стилските комбинации.

 

Она што е примамливо кај овие парчиња, покрај неверојатниот ефект што пастелните нијанси го носат со себе, е тоа што можете да ги комбинирате со други стилски парчиња и да имате комбинација за секоја пригода.

 

Ако секогаш одбирате поедноставни комбинации, тогаш кошулата во нежна жолта нијанса комбинирајте ја со сини фармерки со висок струк, а доколку сте од оние кои сакаат да експериментираат, тогаш, комбинирајте две пастелни нијанси и бидете тотално шик!

 

Она во што треба да сте сигурни е дека пастелните парчиња ќе ја претворат секоја ваша комбинација во исклучително шик и ефектен стајлинг, па така, ако сè уште не ги одбравте омилените, ние ги издвоивме најубавите за вас во колекцијата Pretty in pastels.

Кога ќе тргнете на шопинг по пастелните парчиња, единствено што треба да го имате на ум е тоа дека секогаш треба да одбирате едноставни кроеви и модели, односно парчиња кои ќе можете лесно да ги комбинирате.

 

Целата колекција можете да ја погледнете на следниов линк, но и во продавниците на нашите брендови за уште поголем избор и на други парчиња.

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

16.04.2021.

Слични статии

19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...
27.
Dec.
2023.
БЛОГ
Долгоочекуваниот сезонски попуст во Fashion Group започна! Искористи ја можноста за попусти до -50% и заврши ја годинава со шопинг каков што одамна не си има...