Барај
%
×
Live in LEVIS
Чантите што оваа сезона се на сечија листа на желби!
БЛОГ

Чантите што оваа сезона се на сечија листа на желби!

 

 

Ако сте фан на социјалните мрежи и обожавате во текот на денот барем еднаш да се инспирирате од вашите омилени инфлуенсерки, веројатно знаете дека чантите во боја се едни од омилените оваа сезона.

 

Секако, за сите дами кои секогаш сакаат нешто посуптилно и се од оние кои не експериментираат со својот стил, нашите брендови подготвија кул сламени модели со кожени додатоци, но и супер елегантни, овојпат, прикажани во интересни форми.

 

Новата сезона секогаш со себе носи и нови предизвици, а едни од омилените се оние во комбинирањето на стилски парчиња, особено кога се во прашање модните додатоци.

 

Чантите оваа сезона доаѓаат во сите бои и форми, па без разлика на вашиот стил, нашите брендови нудат сериозна понуда на модели од кои секој ќе си го најде својот фаворит.

 

За оние кои секогаш бираат елеганција пред сè, тука се повторно оние модели со синџир кои можете да ги носите и со вашите стилски комбинации за во канцеларија, но без проблем и со омилениот дуксер и капут, бидејќи оваа сезона, сè е дозволено.

 

Сите модели што денеска ги издвоивме за вас, совршено ќе се вклопат во секоја ваша пролетна комбинација, бидејќи секоја со себе носи посебен шарм и приказна со себе.

 

Девојките овие денови го преплавија Инстаграм со колоритните мини чанти од Parfois кои го најдоа своето место во нивните шик комбинации, а истите можете да ги најдете онлајн и во продавниците на брендот во интензивна зелена, жолта и розова нијанса.

 

Без разлика на тоа која торба ќе ја одберете, обидете се истата да ја комбинирате со вашите уникатни стајлинзи и секогаш да блеснете на посебен начин.

 

По сите оние класици што ја одбележаа студената сезона, сега е време да експериментирате со боите и моделите кои секогаш внесуваат свежина во вашите комбинации.

 

Сите чанти од понудата на нашите брендови можете да ја погледнете на следниот линк, или во продавниците на брендовите.

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

15.04.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...