Барај
%
×
Forever denim with replay
Фантастичен викенд исполнет со супер промоции на Fashion Group
БЛОГ

Фантастичен викенд исполнет со супер промоции на Fashion Group

 

 

Сакајќи да ви го разубавиме секојдневието, овој викенд организиравме неколку промоции на онлајн продавницата на Fashion Group, но и во продавниците на брендовите за викенд исполнет со незаборавен шопинг.

Она за што прво сакаме да ве известиме е третиот роденден на вашиот омилен бренд Replay каде почнувајќи од денеска, па сè до 11-ти април ќе добиете намалување од -20% на целата пролет/лето колекција онлајн или во продавница.

Одберете го вашиот фаворит и овој викенд посетете ја продавницата на Replay каде ќе можете да ја погледнете новата колекција на брендот полна урбани и тренди парчиња за сечиј вкус.

Подеднакво фантастична промоција има и за сите останати брендови која се состои од -10% намалување на еден и -20% за два или повеќе производи освен за брендот Hugo Boss и Springfield за кој од утре, сабота, почнува да важи акцијата од -20% намалување на селектирани производи.

Како и секогаш, така и овојпат, посебно внимание им посветуваме на најмалите и нивниот омилен бренд Okaidi каде викендов ќе можете да си ги набавите сите слатки производи по одлични цени и намалување од -10% за еден и -20% за два или повеќе производи.

Сите парчиња за кои важат промоциите се од колекцијата пролет-лето 2021, па веруваме дека сега е совршениот момент да си ги набавите сите парчиња од листата за кои долго размислувавте.

По неколкуте месеци поминати во зимската гардероба, конечно дојде моментот кога целосно можеме да уживаме во пролетните комбинации со кои секогаш можеме целосно да експериментираме.

За да уживате во најдобриот шопинг оваа пролет, сè што треба да направите е да издвоите малку време во текот на викендот и да ги посетите продавниците на нашите брендови каде мерките за заштита и дистанца и овојпат се на највисоко можно ниво, сè со цел да го заштитиме вашето здравје.

Уживајте во почетокот на топлата сезона и само сега, по супер цени одберете ги омилените парчиња за деловните и лежерните комбинации за супер ефектен изглед оваа сезона.

 

 

*Попустите што се пресметуваат во кошничка не можат да се комбинираат со други промоции.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

 

 

 

09.04.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...