Барај
%
×
Forever denim with replay
Единствените тренди модели што ви се потребни оваа пролет!
БЛОГ

Единствените тренди модели што ви се потребни оваа пролет!

 

 

На прагот од најубавото годишно време кое сите едвај го чекаме, она што ни преостанува е да го преуредиме плакарот со најубавите парчиња од новите колекции.

Ако сте од оние кои уживаат во онлајн купувањето, тогаш веројатно ги погледнавте новите парчиња од колекциите на нашите брендови кои се поубави од кога и да е. Доколку пак секогаш шопингот за вас е посебно искуство, тогаш знаеме дека сте ги погледнале и во нашите продавници каде изборот оваа сезона е едноставно совршен.

Кога сме кај новите парчиња и трендовите, тогаш задолжително е да споменеме неколку клучни парчиња што ќе ги носиме оваа пролет, а кои можете со само еден клик да ги имате во вашиот дом.

Лежерните фустани со интересен принт се чини се избор број еден кога е пролетта во прашање, но оваа сезона, подеднакво привлечни се и кожените парчиња, па така нема да погрешите ако инвестирате во куси кожени бермуди, кожен фустан во пастелна нијанса, кошула во некоја интересна боја и што уште не.

Иако за време на пандемијата се чини дека секој од нас уживаше во лежерните модели на дуксери и тренерки кои за кратко време станаа едни од најпродаваните парчиња, тоа ќе биде така и оваа пролет, без разлика на тоа што најголемиот дел од времето ќе го поминуваме надвор.

Токму поради тоа, вашиот плакар збогатете го со дуксер во крем или некоја интензивна нијанса, а без проблем, за бројни пригоди комбинирајте го со тренерки во слична боја или пак со здолниште или фармерки со висок струк кои дополнително ќе ги разубавите со некоја пролетна јакна.

Во исчекување на најубавите моменти на кои како да подзаборавивме, не двоумете се и купете ги потпетиците што толку многу ви се допаѓаат, но и „слип“ фустанот за кој мислевте дека немате пригода.

Како и секоја сезона, едно од омилените парчиња на дамите и нешто што е вистински класик е дефинитивно стилскиот мантил кој сезонава доаѓа во поубави бои од кога и да е. Доколку досега не сте инвестирале во вакво парче, оваа пролет е вистинскиот момент за тоа.

Што се однесува до обувките, балетанките со интересни детали или рамните чевли со парчиња налик накит во предниот дел повторно се на прво место, но подеднакво барани се и белите патики со кои дамите прават безброј комбинации, како и еспадрилите во кои секогаш уживаме да го поминуваме денот.

За да ви ја олесниме потрагата по најубавите парчиња оваа пролет, ние направивме колекција едноставно наречена „Модни трендови“ во која знаеме дека ќе го најдете вашето омилено парче.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

18.02.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...