Барај
%
×
Forever denim with replay
Ана Михајловиќ: Искуствата ме направија независна и силна личност!
БЛОГ

Ана Михајловиќ: Искуствата ме направија независна и силна личност!

 

 

Последна, но не и помалку важна од низата интервјуа што ги направивме со моделите кои беа во фокусот на кампањата за оваа сезона, е и атрактивната Ана Михајловиќ која моментално го освојува модниот свет.

Неверојатната енергија што ја поседува и неприкосновената убавина, досега ја однеле на најмагичните места на светот каде снимала кампањи за некои од најпознатите брендови.

Во кусото интервју што го направивме за време на снимањето на нашата кампања, Ана ќе каже дека иако луѓето го замислуваат животот на моделите полн гламур и раскош, вистината е малку поинаква.

„Патот на поголемиот број девојки кои се занимаваат со оваа професија, па и мојот, беше долг и полн со откажувања. Почнав да работам кога имав само 15 години и првите три години беа исклучително тешки. Се одвоив од моето семејство, морав да учам од далечина, па формирањето на било каков однос со било кој, беше едноставно невозможно. Подеднакво тешко беше снаоѓањето во непознатите градови, но научив многу од секое искуство, што на крајот ме направи независна и можам слободно да кажам, силна личност“, објаснува Ана.

На прашањето што е она што ја прави да се чувствува моќно во сите оние моменти кога и е потребна сила за да продолжи понатаму и да не се откажува, таа вели:

„Покрај секојдневниот живот и работа, верувам дека секој од нас има своја духовна цел. Покрај добрата фризура и кул џинсот кои секогаш прават да се чувствувате моќно, јас се чувствувам така и во моментите кога ќе успеам некому да му помогнам или со својата работа да придонесам за некоја позитивна промена или да влијаам на нечиј живот. Тие работи не се секојдневни, но се случуваат и токму тие покажуваат дека сте на вистинскиот пат“, додава Ана.

Веројатно секој од нас знае колку е важен првиот впечаток што го оставаме кај луѓето и колку тој може да го оформи мислењето за вас понатаму, а и Ана се согласува дека особено во нејзината работа, впечатокот е од исклучителна важност.

„Во мојата работа токму првиот впечаток е од голема важност, бидејќи во најголемиот број случаи, само и тој го имате. На кастинзите на кои одиме, тоа дали ќе ја добиете работата зависи од првиот чекор што ќе го направите во таа просторија. Никој нема да ве чека, ниту да ве запознава, имате неколку секунди да ја покажете вашата енергија и харизма, но некогаш не е до вас и тоа е сосема ок. Така научив и во приватниот живот да и верувам на мојата интуиција и сметам дека можам да ги оценам луѓето штом ги запознаам“.

За тоа колку се важни советите што ќе ги добиете во текот на кариерата и колку тие можат да ве однесат на вистинскиот пат, Ана вели дека во животот добила неколку добри совети што и помогнале кога имала впечаток дека сè ќе се сруши.

„Она што е најважно е да верувате во себе и кога никој друг не верува. Простете им на сите за сè, бидејќи тоа е важно за вас и за вашиот мир, бидејќи тоа е нешто непроценливо. Не успеаја само оние кои се откажаа, работата и трудот секогаш се исплатат, само треба да бидете трпеливи. Што се однесува до лошите совети, научив дека тие потекнуваат од лошите искуства што ги имала таа личност и нивните лоши верувања што ги стекнале во животот, така што, најчесто се трудам да не ги слушам, бидејќи секој од нас е посебна личност сам за себе“.

Ние имавме можност одблизу да ја запознаееме и да ги потврдиме сите овие работи за кои таа говори, а за тоа какво беше нејзиното искуство со снимањето на кампањата за Fashion Group, Ана вели:

„Пред сè, многу ми е драго што имав можност да ја запознаам Македонија, го обожавам Балканот и бев воодушевена од природата и гостопримството што ме дочека тука. Екипата која работеше на овој проект беше фантастична, едноставно се пронајдовме и такви беа и резултатите“.

Сите млади луѓе, особено кога е во прашање нејзината работа, имаа некоја цел во текот на кариерата да работат за некој конкретен бренд или дизајнер, па ја прашавме Ана која е нејзината.

„Од моментот кога почнав да се занимавам со оваа професија до денес, индустријата драстично се промени, па така и моите цели. Во принцип, многу сум задоволна со она што досега го имам постигнато и со имињата за кои имав можност да работам. Би сакала следната година да имам можност да одам да работам во САД, но оваа година научивме дека не треба да правиме долгорочни планови“, се смее Ана.

Кога разговаравме со неа, не можевме да го заобиколиме прашањето за тоа колку Интернетот и социјалните мрежи и помогнаа во контактите и унапредувањето на нејзината кариера.

„Кога почнав да се занимавам со оваа работа, социјални мрежи речиси и да немаше, а денеска се еден од пресудните фактори дали ќе ја добиете работата или не. Без разлика на вашата професија, сметам дека треба да ги следите трендовите и да бидете во чекор со случувањата. Последните две години повеќе се трудам околу социјалните мрежи, бидејќи многу клиенти бараат да имате одреден број следбеници. Не можам да кажам дека сум воодушевена со ова, бидејќи мислам дека еден модел треба да се оценува само според портфолиото, а не по следбениците на Инстаграм“.

Сосема на крај, сакавме да го завршиме интервјуто со нешто позитивно во целата ситуација, па ја прашавме што е она што ја движи напред.

„Кога започна целата ситуација во март, сите мои ангажмани беа откажани, многу луѓе останаа без работа и тоа воопшто не беше добро. Анксиозноста во тој период беше нормална, но по некое време сфатив дека не можам да променам ништо. Навикнав да бидам повеќе дома и сега ми е навистина убаво, имам многу време да работам на себе и да бидам со семејството. Научив да ги гледам работите од убавата страна и во секоја ситуација да најдам нешто позитивно. Реченицата која што секогаш си ја повторувам на себе е: „The show must go on“. Ова се однесува на било која ситуација, од моментот ако нешто не ми е точно на ревија, јас знам дека откажувањето не е опција и дека морам да продолжа, обидувајќи се да останам професионалец. Од ова па сè до некои тешки животни ситуации кога мислите дека ви се руши светот, не смеете да запрете, работите течат, па така мора и вие да продолжите“, завршува Ана.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

19.11.2020.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...